Снешковци колачиња
Состојки
- 200 гр маргарин
- 2 јајца
- 1 ванила
- 200 гр шеќер во прав
- 450 гр брашно
- 150 гр мелени ореви
- 100 гр бело чоколадо
- 50 гр црно чоколадо
- за декорација бели меки мачмалоу
Подготовка
1. Се замесува тесто од маргаринот, јајцата, шеќерот, ванилата и брашното. Убаво се меси и на крајот се додаваат оревите. Се сука кора со дебелина од 5мм, се вадат со чаша кругови и се печат на 200С-15мин.
2. Кога ќе оладат се става на секое колаче стопено бело чоколадо и врз него се реди мачмалоу, па се цртаат очи и раце .Колачиња кои се интересни за децата па и за возрасните.Но пред се и многу вкусни.