Колачи со бело чоколадо во форма на ѕвездички и месечинки
Состојки
- 800 гр брашно
- 500 гр маргарин
- 250 гр шеќер во прав
- 1 јајце
- 1 жолчка
- 2 ванили
- 1 лажица рум
- кора од лимон
- 100 гр мелени бадеми
- Глазура
- 200 гр бела чоколада
- 6 лажици масло
Подготовка
Од сите состојки се замесува убаво меко и глатко тесто. Најпрво се мати со миксер а потоа се продолжува со месење на тестото. Се остава малку да одмори и се сука кора со дебелина до 5мм и се вадат ѕвезди и месечинки со калап(вие можете да ги направите во форма по ваш вкус). Се ставаат во тава и се печат на 200С-10мин. Потоа на крајот се глазираат со бела чоколада и се украсуваат по желба.