Испечати

Празнична торта со ореви

Празнична торта со ореви

Состојки

  • За пандишпан
  • 4 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 9 лажици брашно
  • 1 пакетче прашок за пециво
  • 1 лажица какао
  • 200 мл млеко за полевање пандишпан
  • За крем
  • 250 гр маскарпоне
  • 300 мл слатка павлака
  • 50 гр мелени ореви
  • За украсување
  • 200 мл слатка павлака
  • 100 гр сецкани ореви

Подготовка

Толку сакам да учествувам на овој прекрасен натпревар, сетот за печење е нешто навистина прекрасно, и треба секоја домаќинка да го има.

За овој натпревар избрав преубава торта која се надевам ќе ви се допадне. Па, да почнеме:

1. Јајцата изматете ги со шеќерот, додека не станат светли. Во друг сад измешајте ги брашното и пецивото, додајте ги во јајцата и мешајте со шпатула. Ваквата смеса поделете ја на две еднакви дела. Во едниот додајте го какаото.

2. Во калап со дијаметар 20/21 (јас ја користам тавата за чизкејк на делимано или округлата тава Фајвстар) ставете хартија за печење, и по малку сипајте од смесите наизменично, по малу од жолтата, па од кафеавата, но не мешајте како за мраморен, пуштете сами нека се слеат. Загрејте на 180 и печете 25мин. Оставете да се излади и пресечете на половина да добиете две кори.

3. Во меѓувреме изматете го маскарпонето и слатката павлака, па откако ке добиете крем поделете го на половина. Во едната ставете ги мелените ореви.
Во чинија за послужување ставете ја едната кора и налијте со 10мл млеко, нанесете од кремот со оревите, па ставете ја втората кора па полијте ја и неа со млеко. Со останатиот крем измазнете ја горе и од страна.
Декорирајте со изматена слатка павлака и сецкани ореви.
Ставете ја во фрижидер 4 часа да отстои и да се стегне.