Рубини
Состојки
- Тесто
- 500 гр просеано брашно
- 200 гр шеќер во прав
- 200 гр омекнат путер
- 2 јајца (М)
- 1 ванилин шеќер
- рендана кора од 1/2 лимон (опционално)
- прстофат сол
- Фил
- 100 мл млеко
- 60 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- прстофат цимет
- 2 лажици рум
- 200 гр мелени ореви
- За украсување
- околу 200 гр мармалад од кајсии(загреан до врел)
- околу 150 гр. кокос или мелени ореви
- околу 150 гр. мармалад од јагоди(загреан до врел)
Подготовка
1. Заместе тесто од наведените состојки, завиткајте го во стреч фолија и оставете во фрижидер да отстои најмалку половина час. Потоа исукајте кора и вадете округли форми и ставајте ги во тава на хартија за печење. Се печат 10 минути на 180 степени во претходно загреана рерна. Оставете да се изладат.
2. За филот, ставете го млекото, двете врсти на шеќер и циметот да зовријат. Додадете го румот и оревите и измешајте ја убаво смесата за да се спојат состојките. Оставете да се олади.
Со оваа смеса премачкајте ги колачите и спојувајте по две.
3. Страните на колачите премачкајте ги со врелиот мармалад од кајсии па извалкајте во кокос или мелени ореви. Мармаладот од јагоди ставете го во силиконско шишенце со мал отвор или во кесичка за замрзнување на која ќе и го отсечете врвот за да направите мал отвор. Украсете ги колачите.
Напомена- Колачиве се повкусни доколку ги оставите да отстојат два дена. За тоа време ќе омекнат и ќе се спојат аромите.