Рафиоли - Далматински Божиќни колачи
Состојки
- 450 гр брашно
- 200 гр шеќер
- 200 гр свинска маст
- 4 жолчки
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- неколку лажици млеко (по потреба)
- За фил
- 2 белки
- кора од лимон
- 200 гр мелени ореви
- 200 гр шеќер
- За премачкување
- 2 белки
- За посипување
- шеќер и мелени ореви
Подготовка
Рафиолите се неизоставен дел од Божиќната трпеза во Далмација. Има многу рецепти за подготовка на овие старински колачи, ама ова е еден од нив кој е едноставен ама сепак многу вкусен...
Подготовка
1. Шеќерот, свинската маст и жолчките ги соединуваме со миксер. Додаваме сода бикарбона и брашно, а млеко по потреба, смесата ни е мека. На работната површина ставаме брашно и расукуваме тесто во кое формираме кругови со калапче.
2. За филот ги разматуваме белките и во нив соединуваме кора од лимон, шеќер и мелени ореви. На секој круг ставаме полна лажица од филот. Ги преклопуваме круговите, може да ги притиснеме со вилушка краевите, ги редиме во тавче.
3. Ги премачкуваме со разматена белка и ги посипуваме со измешани шеќер и мелени ореви. Печеме на 180 степени додека да добијат боја...