Брзи ѕвездички со наут и спанаќ
Состојки
- 100 гр наут од конзерва
- 200 гр спанаќ
- 1 јајце
- сол по потреба
- путер по потреба за премачкување на калап
Подготовка
Брзи, здрави и вкусни ѕвездички
Подготовка
1. Наутот изблендирајте го и ставете го во подлабок сад
2. Спанаќот исецкајте го и ставете го во тавче на оган колку да омекне(околу 2 мин). Потоа, додадете го кај наутот. Во смесата додадете јајце и сол. Може да додадете зачини по желба
3. Калапот со ѕвезди премачкајте го со путер, потоа ставете од смесата. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 7-8 минути.
На здравје
Забелешка
Од оваа смеса излегуваат 6 ѕвездички