Бадемови шишарки со компир, сино сирење и сланина
Состојки
- 2 поголеми варени компири
- 100 гр сино сирење
- 3 варени јајца
- 100 гр кисела павлака
- 100 гр мајонез
- 5 мали кисели краставички
- 100 гр ситно сецкана сланина
- 200 гр бадеми
Подготовка
Подготовка
1. Во длабок сад ставете ги варените (рендани) компири, ренданото сино сирење, варените (рендани) јајца, павлаката, мајонезот, ситно сецканите краставички и сланина. Промешајте убаво.
2. Формирајте шишарки, премачкајте ги со мајонез или павлака и наредете им бадеми.
На здравје
Забелешка
Од оваа количина излегуваат 4 шишарки