Испечати

Бомбици во празнични бои

Бомбици во празнични бои

Состојки

  • 350 гр бело чоколадо
  • 5 лажици путер
  • 5 лажици слатка павлака
  • 50 гр сецкани фстаци
  • 50 гр дехидрирана боровница(сецкана)
  • шеќер во прав

Подготовка

Бомбициве се прават лесно,без печење а се многу вкусни.

1. На тивок оган се топи путерот па се додава павлаката. Убаво мешаме. Го додаваме чоколадото искршено на коцки и мешаме додека се соедини смесата(но не се враќа на оган). Се додаваат фстаците и боровницата и смесата се остава на ладно неколку часа.

2. Со рака се формираат бомбици кои се валкаат во шеќер во прав.

На здравје!