Испечати

Суви какао колачиња

Суви какао колачиња

Состојки

  • 300 гр. брашно
  • 180 гр. омекнат путер
  • 150 гр. шеќер во прав
  • 4 жолчки од јајца
  • 1 лажичка арома од ванила
  • 1 лажица какао

Подготовка

1. Во сад или на работна повшина додајте ги сите состојки и замесете мазно тесто. Замотајте го тестото во стреч фолија и ставете го да се лади во фрижидер пола саат.

2. На работната површина со помош на сукалка од тестото расукајте кора во дебелина од 4- 5 мм и со помош на калапи извадете форми по желба. Пота вратете ги во фрижидер пола саааат пред да ги печете. Печете ги во загреана рерна на 170° додека не заруменат. Оставете ги да се оладат и декорирајте ги по желба. Јас ги декорирав со фондан направен по рецепт на Маргарит4е, готвач од тука.