Посна салата со грав
Состојки
- 1 чаша од 250 гр бел грав
- 3 млади кромидчиња
- 3 кисели краставички
- 2 моркови
- Сол бибер, масло, сенф, сок од лимон
Подготовка
Предлог за салата за Бадниковата вечера.
1. Измиениот грав го ставаме во тенџере со вода да се вари на тивок оган. Додаваме сол, бибер, зачин, главица кромид, 1-2 гранчиња мајчина душичка. Го вариме на тивок оган а потоа, на пола варење ги додаваме и морковите (цели) да се варат заедно со гравот. Откако ќе се свари, го процедуваме од течноста, која ја има многу малку.
2. Во сад ги соединуваме зрната грав, сецканото младо кромидче, сецканите моркови и сецканите кисели краставички. Убаво соединуваме, па по потреба додаваме сол, лимонов сок и малку маслиново масло.
Сервираме во чинија и послужуваме.