Лимон крофни
Состојки
- 1 свеж квасец
- 1 лајче шеќер
- 300 мл млако млеко
- 3 јајца
- 3 лажици шеќер
- 2 ванили
- кора од лимон
- 3 лажици рум
- 700 гр брашно
- прстофат сол
- 150 мл масло
Подготовка
1. Во длабок сад се става квасецот со малку млеко и шеќер да се активира. Во истиот сад после 15мин се додаваат изматените јајца со вилушка,млекото, шеќерот,маслото ванила,кора од лимон ,румот и брашното.Сето ова се меша со лажица 5 мин да покисне околу 45мин.Тестото е лепливо.Потоа пак се меша со лажица и се додава 1 лажица брашно.Е сега се зема тестото на набрашнета маса се сука тесто со дебелина од 1 прст. Се сечат кругови и стасуваат околу 30мин. Се пржат крофните половина минута од една страна со капак и од другата страна се пржат без капак. Се валкаат во шеќер во прав.Може да се полнат со еурокрем,со мармалад....