Испечати

Салата со цвекло

Салата со цвекло

Состојки

  • 4 кг сварено цвекло
  • 2 кг морков варен
  • 2 кг пиперки плуснати и сецкани
  • 2 главици лук
  • 1 китка магданос
  • 1 кесичка црн бибер во зрно
  • 500 мл бела киселина -киско
  • 500 мл масло
  • 200 гр крупна сол
  • 1 конзерванс
  • 500 гр шеќер

Подготовка

Преубава и превкусна салата која моите ќерки ја обожаваат.
1. Во длабок сад со капак се сецкаат сите состојки. Најпрво се сецка оладеното излупено цвекло,потоа морковот,пиперките плусната се сечкаат. Се додава исечканиот лук, магданосот и биберот. Убаво се промешува и се додаваа маслото, киселината, шеќерот солта и конзервансот. Значи сите состојки се ставаат во садот се промешува со дрвена лажица се покрива со капакот и се остава 24 часа да стои.
2. Наредниот ден се собира во тегли. Феноменална салата вреди да се проба.