Ароматична лимон елка

Состојки
- 150 мл млеко
 - 100 гр шеќер
 - 2 кафени лажици пециво
 - 50 гр путер растопен на собна температура
 - 1/2 кафена лажица цимет
 - 2 јајца
 - 400 гр брашно
 - 1 кора од лимон
 - За декорација
 - 1 белка
 - 1 лажица сок од лимон
 - 200 гр шеќер во прав
 - прехрамбени бои по желба
 
Подготовка
Подготовка
Од наведените состојки замесете тесто. (Тестото не стасува)
Со помош на оклагија развлечете кора, дебелината на кората да биде околу 1 см.
Со нож исечите елка и дооформете ја елката со раце.
Елката ставете ја во тава за печење и печите на 200 степени околу 15 минути.
Белката изматете ја во цврст снег, додадете сок од лимон и постепено додадете го и шеќерот во прав. Додадете прехрамбена боја по желба.
Ставете од смесата за декорација во шприц и декорирајте ја елката
На здравје
Забелешка
Од оваа количина направив една елка, а останатото тесто го употребив за помали колачи.