Испечати

Рециклирани крокети од пилешко месо и ориз

Рециклирани крокети од пилешко месо и ориз

Состојки

  • околу 200 г пилешко месо
  • 7-8 лажици припремен ориз
  • 2-3 зденки
  • 50 г кашкавал
  • 1 јајце
  • малку сланина или друго суво месо
  • За похување
  • 1 јајце разматено со 1 лажица брашно
  • презла и сусам по потреба

Подготовка

Ако ви останало ориз и пилешко месо од претходниот ден, ви предлагам да си ги направите овие превкусни крокети. Дали се пилешки копани, батаци или стек - не е важно. Јас ставив пилешки стек и месо од еден копан.

Припрема
Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте ја смесата.
Оформете топчиња и прпелкајте ги прво во јајцето изматено со брашното па во мешавина од презла и сусам.
Се пржат на умерена температура од сите страни.
Комбинирајте со омилениот сос.
На здравје.