Медени празнични елки
Состојки
- 1 јајце
- 2 кафени лажици шеќер
- 2 лажици растопен путер
- 4 лажици чоколадно млеко
- 1/2 свежа банана
- 4 лажици брашно
- 1 кафена лажица пециво
- За премачкување
- 3 лажици мед
- 40 гр чоколадо за готвење
- шеќерни топчиња по потреба
Подготовка
Подготовка
Во сад изматете го јајцето со шеќерот.
Растопениот путер измешајте го со чоколадното млеко и додадете ги во смесата.
Бананата изблендирајте ја и додадете ја во смесата.
На крај додадете го брашното и пецивото и изматете кратко со миксер.
Смесата ставате ја во калап со форми, печите на 180 степени околу 12 минути.
Колачите извалкајте ги во растопеното чоколадо со медот и ставете им шеќерни топчиња
Забелешка
Оваа смеса е за 6 елки колачи. Јас ја дуплирав дозата и направив 6 елки и 6 чизми.