Испечати

Старинска обланда

Старинска обланда

Состојки

  • 1,5 л млеко
  • 1 кгр шеќер
  • 250гр путер
  • 350гр мелени ореви
  • 1 пакување обланди
  • по желба рендана кора од лимон

Подготовка

Ставете млеко и шеќер во малку поголемо тенџере
Поголемо, за да не зоврие млекото и да претечи.
Гответе на тивок оган 2 часа и мешајте повремено.
На крајот, внимаваме да не не загори.
Кремот е готов, кога лажицата остава трага на дното на тенџерето и бојата е како карамела.
Тргнете го од оган тенџерето и додадете ги мелени ореви и путер.
Убаво се измешајте и соединете.
Сега ја земаме првата обланда и нанесуваме фил од страната со дупчињата на обландата.
Редиме обланда, Фил ...
Не ставаме фил на последната петта обланда, туку неа ја поклпоуваме со дупчињата навнатре.
Врз готовата обланда ставаме некој тежок предмет
Оставаме така да стои 2 часа
Потоа сечеме на парчињата
Вака ги сечеа мајка ми и баба ми, а сега и јас.
Значи, прво лентата оди по должината, па ја ставаме со кремот спрема даската и кремот кон нашите очи..
Потоа сечеме дијагонално.
Погледнете слики.
Послужуваме и уживаме во вкусот, кој потсетува на детството