Колачи со костени, бадеми и брусница (посно, без печење)
Состојки
- 100 гр варени испасирани костени
- 100 гр мелени посни бисквити
- 50 гр печени мелени бадеми
- 1 портокал (сокот)
- 50 гр Маргарин на собна температура
- 1 лажица рум
- 50 гр брусница
Подготовка
Превкусни мирисни колачиња кои не се печат.
Подготовката е едноставна и лесна
Во длабок сад ставете ги сите наведени состојки. Замесете тесто и формирајте колачиња во форма по ваша желба.
Забелешка
Може да додадете шеќер во прав, доколку мислите дека има потреба...Нам ни беа доволно благи.
На здравје