Солен куглоф со спанаќ, млад кромид, сирење и урда
Состојки
- 3 јајца
- 120 мл кисело млеко
- 50 мл масло
- 200 гр брашно
- 1 кафена лажица пециво
- 1/2 кафена лажица сода
- 100 гр сирење
- 100 гр урда
- 100 гр спанаќ
- 1/2 кафена лажица сол
- 2 млади кромидчиња
Подготовка
Прекрасен солен, мирисен куглоф. Од срце ви го препорачувам. Нема да згрешите доколку го направите!
Подготовка
Во длабок сад изматете ги јајцата, киселото млеко и маслото. А потоа, додадете ги постепено и останатите состојки, просеаното брашно со пецивото и содата, дробеното сирење и урдата, сецканиот спанаќ, солта и ситно сецканите кромидчиња. Изматете кратко со миксер.
Во намрсениот калап ставете ја смесата и печите во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
На здравје