Брзи прелиени чоко банани
Состојки
- 2 банани
- 150 гр црно чоколадо
- 2 кафени лажици путер
- 60 гр бело чоколадо
- 1 кафена лажица кокосово масло
Подготовка
Брзи, превкусни и со малку состојки
Подготовка
Бананите исечете ги на кругчиња и ставете ги во замрзнувач да одморат околу 30 минути.
Чоколадото и путерот растопете ги на пареа и веднаш штом ги извадите бананите валкајте ги во чоколадото. Ставете ги во замрзнувач да стегнат
Белото чоколадо со кокосовото масло растопете го на пареа и декорирајте ги одозгора.
На здравје