Новогодишни суви колачиња со вкус на портокал
Состојки
- 350 гр брашно
- 1 пециво
- 70 гр шеќер
- 150 гр путер
- 1 лажица мед
- 1 лажица рендана кора од портокал
- 2 јајца
Подготовка
Ароматични, вкусни колачиња
Подготовка
Во длабок сад ставете ги сите наведени состојки и замесете тесто.
Ставете го тестото да одмори во фрижидер 1 час.
Размесете го тестото, расукајте кора со помош на оклагија и со калапчиња вадете фигури
Колачињата наредете ги во тава за печење и печите на 180 степени околу 15 минути.
Послужете ги со чајче.
На здравје
Забелешка
Тестото го поделив на 2 дела, во едниот дел ставив прехрамбена боја за елките.