Испечати

Макарони со спанаќ

Макарони со спанаќ

Состојки

  • 500 гр. макарони
  • 500 гр. спанаќ
  • 1 л. јогурт
  • 300 мл. млеко
  • 3-4 јајца
  • 150 мл. масло
  • на вкус сол и многу малку сув зачин

Подготовка

- Во сад ставете ги јајцата и со жица изматете ги, додадете ги маслото, млекото и јогуртот, промешајте, додадете го сецканиот жив (не барен) спанаќ, овкусете на сол, додадете ги макароните - измешајте и истурете во подмачкана тавка во која ќе го приготвите овој ручек. Доколку тавката нема капак, тогаш покријте со алу-фолија, ставете во претходно загреана рерна на 220 степени, и после изминатите 20 мин. откријте и дозволете уште 10 мин. да се потпечи одозгора.
- Служете со зелена салата, јогурт, а може доколку сакате да си додадете и некој сецкан сувомеснат производ, но вака како што го напишав без други додатоци мене ми е одлично и секогаш велам
- Тоа е Тоа....