Пикантна супа од домати со пилешко
Состојки
- 1 кромид
- околу 400 гр. домати
- 400 гр. варена пченка
- 750 гр. пилешки бујон
- 2 чили пиперчиња
- околу 700 гр. искостен копан со надкопан
- на вкус сол, сув зеленчук и бибер
- 1 полна лажица масло
- 2 чешниња лук
- од 1 лимета или лимон сокот и кората
- по ваш вкус кари
- по ваша оцена сецкан магдонос
Подготовка
- Кромидот, по 1/3 од доматите (чери) и варената пченка, 1 чили пиперче заедно со 250 мл. од бујонот изблендирајте до кашеста состојба или ставете во сецкото - тоа трае околу 2-3 мин.
- Во тенџере ставете го искостеното и без кожа пилешко месо кое сте го исецкале, преостанатите домати, пченка, сецканото чили пиперче, лукот, додадете го преостанатиот бујон и по ваша оцена дали воопшто или колку ќе ставите од зачинот Кари. Истурете ја процесираната смеса, поклопете и ставете на сосема тивко да се вари околу 1 час односно додека не омекне пилешкото, а доколку испарил бујонот можете да додадете малку вода, но одлично е ако дозволите да се вари на тивко и да си ја добие онаа убава густина на сос. Кога е готово тргнете од огнот, ставете ја ренданата кора и сокот од лимонот, сецканиот магдонос и служете.