Испечати

Тикварник

Тикварник

Состојки

  • 1,5 кг. пире од тиква
  • 3 јајца
  • 1 шоља шеќер
  • 1 шоља млеко
  • 50 мл. масло
  • 50 гр. гриз
  • 2 ванили
  • по вкус цимет

Подготовка

Еден специјалитет од тиква....))))
Се пасира убаво, добро сварената и исцедената тиква, се додаваат другите состојки и се меша со жица за матење.
Се излева густата смеса (како за пандиспања) во намрсена и побрашнета тава со пречник од 28 цм..
Се печи во загреана рерна на 200 степени се додека убаво порумени.
Се остава да се излади, па се сечи.
Шољата е од 200 мл..
Колку млеко ќе влези, зависи од сочноста на тиквата