Ванилици со сало и јогурт
Состојки
- 500 гр. просеано бело брашно
- 1 ванила
- 50 гр. шеќер
- 150 мл. јогурт
- 250 гр. сало-свинска маст
- од 1 лимон-рендана кора
- За валкање
- по потреба шеќер во прав замирисан со ванила
Подготовка
Се меси тестото, со постепено додавање на јогуртот.Се остава да отстои 1 час во фрижидер.
На лесно набрашнета подлога се отвора кора, пола сантим и се вадат форми.
Се печат на 180 степени додека убаво порумени долниот раб, а одозгора останат бели.
Топли се валкаат во шекер во прав, замирисан со ванила.
Уживајте!