Испечати

Хворост - брзи, лесни и слатки прженици (посно)

Хворост - брзи, лесни и слатки прженици (посно)

Состојки

  • 400 гр брашно
  • 100 мл зејтин
  • 150 мл Газирана вода
  • Пола лажиче Пециво

Подготовка

Во брашно додајте пециво, зејтин и газирана вода. Замесете тесто. Оставете го тестото на 15 минути да одмори.
Тестото рассукајте го во пласт, исечете мали правоаголници, во нив на средина исечете дупка, краевитете извадете ги преку дупката.
Во голема тава ставете зејтин, поголема количина.
Пржете го хворостот во загреан зејтин.
Извадете ги на салфетка да впијат мрсно. Посипете со шеќер во прав и ванила.
Брзо, посно, лесно и вкусно!
Добар апетит!