Пита со јогурт и мелено месо
Состојки
- фил
- 1 кромид (ситно сечкан)
- малку сол и црн пипер
- 300 гр. мелено месо
- 1/2 лажичка буковец
- смеса за тесто
- 4 јајца + малку сол
- 1 филџан масло
- 4 филџани јогурт
- 1 пециво
- 4 филџани брашно
- за прелив
- 2 јајца + малку сол
- 2 филџани јогурт
- филџан = 150 мл.
Подготовка
1. Кромидот, солта, меленото месо ги запржуваме, штом кромидот ќе застакли, го додаваме буковецот и малку црн пипер. Пржиме уште малку, тргаме на страна да излади.
2. Во сад ги ставаме јајцата и солта, матиме со жица, го додаваме маслото и јогуртот, матиме. Брашното и пецивото ги просејуваме и постепено ги додаваме во смесата, мешаме убаво со дрвена лажица да нема грутчиња.
3. Оваа смеса ја истураме во правоаголно тавче (32х20 см.) обложено со хартија за печење.
4. Врз него рамномерно го распоредуваме филот со меленото месо.
5. Ги мешаме состојките за преливот и матиме со вилушка, потоа рамномерно го распоредуваме врз месото.
6. Печеме во загреана рерна на 250 степени додека да фати кора, а потоа намалуваме на 220 степени и печеме уште 40 минути.
7. Испеченат пита ја вадиме од тавчето за да се излади од сите страни, сечеме и служиме.
(501)