Фритули од овошен јогурт од шумско овошје, вишни и вишновка ликер
Состојки
- 180гр брашно
- 200мл овошен јогурт од шумско овошје
- 1 јаце
- 1лажиче пециво
- 1лажиче вишновка ликер
- 10-15 вишни од ликер
- 1 лажица кафен шеќер
- шеќер во прав
Подготовка
Во вангличка ги соединуваме јајцето, шеќерот, вишновката, сецканите вишни, овошните јогурти.
Додаваме пециво и брашно и ја изедначуваме смесата.
Загреваме масло на умерен оган.
Со помош на намастено лажиче земаме по малку од смесата и ги спуштаме во маслото.
Пржиме додека не заруменат.
Испржени ги редиме на хартиени салфети.
Потоа ги сервираме, посипуваме со шеќер во прав и ги послужуваме.