Испечати

Босански бурек со месо (со готови кори)

Босански бурек со месо (со готови кори)

Состојки

  • 10 кори за пита
  • Прелив
  • 250 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 30 гр квасец
  • 6 лажици брашно
  • Фил
  • 500 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • сол, мелен црн бибер,мешан зачин

Подготовка

Вкусен босански бурек со готови кори.
Прелив
Во млакото млеко го додаваме квасецот,маслото и брашното и убаво изедначуваме.
Фил
Ситно сецканиот кромид го запржуваме додека убаво омекне па го додаваме меленото месо и заедно пржиме неколку минути.Зачинуваме по вкус.
-Земаме две кори и ги редиме една до една,со четка убаво ги премачкуваме со преливот.На едната страна нанесуваме од филот и виткаме ролат.Ролатот го мотаме во форма на баничка(полжав)
Постапката ја повторуваме и со останатите кори.Добиените пет буреци и згора ги мачкаме со преливот.
Печеме во загреана рерна на 190 степени половина час.
На здравје!
*со овие мерки за фил јас добив 5 буреци од по две кори.