Тортелини во сос од шампињони и кари
Состојки
- 800гр. свежи тортелини (полнење од пршута)
- 200гр. свежи шампињони
- 1 рамна лажица кари
- 90гр. путер
- 200мл. свежа течна неутална павлака за готвење
- 1 лажица сецкан свеж магдонос
- по потреба сол, бибер, пармезан
Подготовка
Во тава на оган ставете половина од путерот да се растопи.
Додајте ги печурките исечени на листови,
По потреба додавајте од водата во која се варат тортелините.
Во друга тава растопете ја другата половина путер.
Додајте го карито, павлаката и биберот.
Промешајте и оставете малку да прокрчка.
Потоа додајте ги печурките, сверените тортелини и магдоносот.
Убаво измешајте и послужете со наросување од пармезан.