Испечати

Рум бомбици

Рум бомбици

Состојки

  • 250 гр мелени бисквити
  • 250 гр маргарин
  • 250 гр шеќер во прав
  • 200 гр мелени ореви
  • 100 гр рендано чоколадо
  • 30 мл рум(2 лажици)

Подготовка

1. Во длабок сад се мелат бисквитите, во нив се додава шеќерот и стопениот маргарин. Убаво се меси со рака.
2. Се додаваат оревите, чоколадата и румот.
3. Се остава смесата малку да одмори-да се спојат состојките.
4. Се формираат бомбици кои се увалкуваат во мелени ореви.