Испечати

Домашен ролат со мелено месо и печурки

Домашен ролат со мелено месо и печурки

Состојки

  • 500гр брашно
  • 25гр свеж квасец
  • 1лажички сол
  • 2лажици масло
  • 250мл млака вода
  • 100гр путер
  • 1јајце за премачкување
  • за фил
  • 250гр мелено месо
  • 100гр печурки
  • 1главица кромид

Подготовка

Печурките и кромидот ситно исечкајте ги.
Во сад испржете го кромидот, додајте го месото и пржете уште пет мин.
Додајте ги печурките, зачините и пржете додека течноста не испари околу 15 мин.
За подготовка на тестото, во 100мл вода разматете го квасецот и оставете го да надојде.
Во саад измешајте го брашното, маслото, квасецот, преостаната вода и солта, и замесете глатко тесто и оставете го околу 1 час, да надојде.
Од тестото формирајте 5 топки, развлечете ги со оклагија во кругови, врз секое изрендајте путер и ставајте ги едно врз друго. Потоа се оклагија развлечете ги во една поголема кора, посипетесо филот од месо, заролајте и ставете го да се пече на загреана рерна 40 мин, на 180 степени.
Јас го користев калапот за леб од сетот на Делимано.