Чоко банана суви кекси
Состојки
- 1 средна банана
- 30гр путер
- 1 ванила
- 1-2лажица кафен шеќер
- 1 кесе прашок за пудинг од чоколадо
- 30гр просеано какао
- 1лажиче пециво
- 100гр брашно
Подготовка
Бананата ја пасираме со вилушка, па додаваме ванила, кафен шеќер, какао, пециво, растопен путер,прашокот за пудинг, брашното.
Со рака замесуваме мазно и нелепливо тесто.
Формираме топчиња, кои малку со дланката ги расплескуваме.
Ги редиме на ненамастен плех и ги печиме околу 12 минути на 180 с.
Може да се декорираат со чоко капки или со растопен путер од кикиритки.