Испечати

Пита со кори со сирење и павлака

Пита со кори со сирење и павлака

Состојки

  • 8 кори за пита
  • 1/2 чаша масло за јадење
  • 1/2 чаша минерална вода
  • 1/2 чаша јогурт
  • Фил
  • 250 гр изварка
  • 4 лажици павлака
  • 200 гр сирење
  • прелив
  • 1 јајце и лажица сенф и сусам

Подготовка

Едноставна лесна и превкусна е питава.
Секоја кора за пита прво ја попрскуваме со масло и со минерална вода па со четка ја мачкаме со јогурт.На едната страна ставаме од филот и виткаме ролат.Ролатите во форма на полжав ги ставаме во тава со димензии 24.
Јајцето го матиме со сенфот и со четка ја премачкуваме питата,ја наросуваме со сусам и печеме на 200 степени околу 30 минути.
На здравје!