Сок од калинка и портокал со ѓумбир во прав
Состојки
- 1 портокал
- 2 калинки
- 1/2лажиче ѓумбир во прав
Подготовка
Период на настинки, на вируси...
Мора да го чуваме нашето здравје.
Еве предлог за брз утрински сок, кој бара само 2,3 минути за подготовка.
Денот нека започне со него.
Во алатка за цедење лимон ги цедиме портокалот и калинките.
Додаваме ѓумбир во прав.
Промешуваме.
Налеваме во 2 чаши и консумираме одма.