Испечати

Ќофтенца во кари сос

Ќофтенца во кари сос

Состојки

  • Ќофтиња
  • 1/2 кг мелено месо
  • 1 лажичка сув зачин
  • 1/2 главица ситно рендан кромид
  • 1 лажица масло
  • Сос
  • 1 главица кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • 400 мл павлака за готвење
  • 1 лажица доматна салца
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица кари
  • сув зачин, бибер по вкус

Подготовка

Измесете го месото и формирајте мали ќофтенца. Пропржете ги малку на загреано масло.
Во истото масло ставете го ренданиот кромид да се потпржи, додајте го лукчето, салцата, павлаката и останатите зачини. Кога се ќе се спои, додајте ги ќофтенцата. Нека поварат на тивко десетина минути. Готово! Брзо, едноставно а многу вкусно јадење.