Испечати

Лимон палента

Лимон палента

Состојки

  • 1 чаша од 200 мл. палента
  • 400 мл. бистра супа-бујон
  • 200 мл. вода
  • по 1 лажичка тимијан и рендана кора од лимон
  • на вкус сол и бибер
  • За посип
  • 40 гр. тостиран орев или пињоли
  • 30 гр. лебни трошки
  • 4 лажици маслиново масло- екстра девичанско
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • За прелевање
  • 4 лажици маслиново масло
  • 2 лажици балсамико оцет - бел
  • додаток
  • 5-6 печени црвени пиперки
  • на вкус сол и бибер

Подготовка

- Најпрво испечете пиперките, излупете и исчистете од семето, посолете, додадете биберот, раскинете на траки и оставете на страна.
Палента
Во сад ставете ја бистрата супа и водата, додадете во неа тимијанот и ренданата кора од лимонот, ставете да зоврие, по што ќе ја додадете палентата и варете ја 3 мин. Доколку цените можете да ја доосолите и да додадете бибер. Ставете ја во соодвете сад убаво порамнувајки ја и да биде во висина од околу 1 см. висина, оставете да олади. Оладената палента исечете ја на коцки, потоа на сосема лесно намачкана тавка со масло (а и не мора) запечете ја од двете страни.
Посип
- Тостирајте ги крупно сецканите оревит или цели семки пињоли до лесно заруменување и да се осети нивната арома-тргнете настрана. Во истата тавка ставете го маслото и насецканиот лук- пропржете колку да се осети неговата арома, веднаш додадете ги лебните трошки, пропржете заедно, тргнете ги од огнот и додадете ги кај оревите и промешајте. Во оладениот посип додадете и ситно сецканиот магдонос.
Прелив
- Измешајте ги маслото и оцетот.
На тацната за сервирање наредете ги исечените потпечени коцки од палентата, врз нив ставете од печените пиперки, попрскајте врз нив од преливот, посипете со посипот.
Служете како предјадење или додаток.