Пита со мелено месо и готови кори
Состојки
- 500 гр кори
- Прелив
- 3 јајца
- 200 м млеко
- 150 мл масло
- 1 лажиче прашак за печиво
- За месото
- 500 гр мелено месо
- 1 поголем компир
- 1 главица кромид
Подготовка
На почеток направете го месото. Пропржете ја исечканата главица кромид па додајте го месото и тоа малку да се испржи. Компирот изрендајте го и додајте го во месото. Пржете уште малку, зачинете по вкус, додајте доста бибер и оставете го да се олади.
За преливот, изматете ги јајцата, млекото, маслото и пецивото. Ставете малку сол.
Намачкајте со масло правоаголна тава и почнете со редење на корите. Секоја кора превиткајте ја па ставете ја. Премачкајте ја со две-три лажици од преливот. Над секоја втора ставете дел од месото. Кога ќе завршите со корите, прво исечете ја питата па прелијте ја со остатокот од преливот и наросете со сусам.
Вклучете ја рерната на 200 степени и кога ќе се загрее ставете ја питата да се пече. Печете отприлика половина час.