Фитнес палачинки (со овесни снегулки)
Состојки
- 150 гр овесни снегулки
- 300 мл јогурт
- 1 лажиче сол
- 1 јајце
Подготовка
Снегулките прелијте ги со јогурт и оставете ги 30 минути да омекнат. Додајте јајце и промешајте со маталка.
Ставете тавче за палачинки да се загрее убаво.
Испржете ги палачинките.
Многу се лесни и вкусни!
Добар апетит!