Јапонски палачинки на пареа
Состојки
- 2 јајца
- 25 гр. шеќер
- 40 мл. млеко
- 40 гр. брашно манитоба
- 3 гр. прашок за пециво
Подготовка
Белките ги делиме од жолчките. Во сад за матење со миксер ги матиме белките со шеќерот додека не се цврсти смесата. Потоа во садот ги додаваме жолчките една по една и мешаме со спатола со кружни движења од горе па надолу.
Исто на 3-4 пати во садот го додаваме и млекото додека мешаме со спатолата. На крај ги додаваме брашното и прашокот за пециво и мешаме секогаш внимателно со кружни движења.
Нелепливата тава ја загреваме и ја премачкуваме со путер. Од смесата за палачинките додаваме три лажици во средината од тавата, а една лажица вода распоредуваме по краевите од тавата. Тавата ја покриваме со капак. Печиме 1-2 минути, го тргаме капакот, ја превртуваме палачинката од другата страна, повторно додаваме една лажица вода по краевите на тавата, го ставаме капакот и повторно печиме 1-2 минути. Од смесата ислегуваат 3 палачинки.