Испечати

Фанта - мафини

Фанта - мафини

Состојки

  • 2 јајца
  • 1/2 шоља (135гр.) шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 1/2 шоља (240гр.) брашно
  • 1 пециво
  • 1/2 шоља (130гр.) зејтин
  • 1/2 шоља (150гр.) газиран сок од портокал
  • Декорација
  • 150гр. шеќер во прав
  • 3 лажици сок од лимон или вода
  • бомбони во разни бои (смартис)

Подготовка

Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Во калапот за (12) мафини ставете хартиени корпиња.
Со миксер изматете ги пенасто јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете ги останатите состојки и кратко изматете. Смесата ставајте ја во хартиените корпиња, треба да бидат до 2/3 полни. Се печат 15-18 минути во зависност од рерната. Извадете ги мафините од калапот и оставете добро да се изладат.
Шеќерот во прав измешајте го добро со сокот од лимон или водата за да нема грутки. Со оваа смеса премачкајте ги мафините и украсете ги со чоколадните бомбони.
Напомена - јас мерев со шоља од 250мл. За оние кои повеќе сакаат рецепти со точна грамажа, состојките ги мерев на вага па затоа и течните се прикажани во грамови.