Смути со малинки и банана
Состојки
- 1 чаша вода (300 мл)
- 1 чаша малинки
- 1 банана
- 1 јаболко
- 1 лажиче путер од кикиритки
- 1 лажиче чиа семе
Подготовка
Сакате убав и вкусен смути за одличен почеток на денот? Ќе го добиете.
Во чашата од Нутри булетот ставете ги сите состојки и кратко изблендирајте ги.
По потреба и по желба додадете повеќе вода, а исто така можете да додадете и лажиче мед, мене и вака ми е доволно благо.
На здравје!