Похован свински мозок
Состојки
- 1 свински мозок
- 3 чаши вода
- 6-7 зрна црн бибер
- 1 ловоров лист
- 2-3 ливчиња сцеж босилек
- малку сол
- За поховање
- 4 лажици презла
- 2 лажици брашно
- малку сол
- 1 јајце
Подготовка
Мозокот кратко се обарува во посолената зовриена вода со зрната бибер, ловор и босилек.
Се вади да се исцеди и малку подолади и малку се соли. .
Потоа се прпелка во презлата измешана со брашно и малку сол, па во разматеното јајце со малку сол и повторно во презлата.
Се пржи на умерена температура од сите страни додека зарумени.
Се сервира со подлога од листови марула, остатокот од јајцето испржено и гарнир по желба.