Испечати

Марокански палачинки (посно)

Марокански палачинки (посно)

Состојки

  • 250 гр гриз
  • 100 гр брашно
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сув квасец
  • 1 лажичка пециво
  • 500 мл топла вода

Подготовка

Овие палачинки се карактеристични по тоа што се печат само од една страна додека на горната страна формираат безброј дупчиња. Вообичаено се сервираат со мед, ама мене медот ми е кристализиран па ги сервирав со мармалад од портокал и џем од шумско овошје. На децава ептен им се допаднаа...

Подготовка
1. Сите состојки ги ставаме во блендер и кратко ги блендираме колку да се соединат.
2. Смесата ја оставаме околу 1 час да стаса и да се направат меурчиња.
3. На намрсена тава со путер или масло на средна температура, истураме од смесата и печеме само на една страна. На почетокот формираат меурчиња кои потоа се претвораат во дупчиња.
4. Знаеме дека се печени кога површината ќе им стане сува и сунѓереста.

Излегуваат околу 15 палачинки со пречник 15 см.
Ги сервираме со мед, џем или мармалад.