Охридски Крап
Состојки
- 2 парчиња Крап
- 1 кг компири
- 2 кромид
- 5 кисели краставички
- морков по желба
- 1 чаша бело вино
- мајчина душичка
- 1 лажица сол
- 4 чешниња лук
- црн бибер
Подготовка
1. Се чистат рибите и се посолуваат од двете страни и во внатрешниот дел од рибата се реди лук и душичка. Се засекуваат неколку засеци и се става во кожата лукче.
2. Се чистат компирите и се редат во тепсијата. Врз нив сечкани корнишони.морков и кромид.
3. Се редат рибите и се поливаат со бело вино.Се печи на 250 С 1 саат.Се служи со салата и вино. На здравје!!