Малиџано намаз
Состојки
- 3 помали модри патлиџани
- 200-250 гр сирење
- 200 гр кисела павлака
- 1 лажица мајонез (кој не сака, не мора)
- до 50на гр мелени ореви
- зачини - лук, пимент, оригано, куркума, црвен пипер, сенф во прав
Подготовка
Се боцкаат патлиџаните со вилушка или стапче за ражени и се печат во рерна на 200С.
Откако ќе изладат, се лупат и се блендираат со постепено додавање на останатите состојки.
Кога намазот ќе стани убав и мазен и се убаво ќе се соедини, се дотерува кој сака да е посолено.
Она што ќе остани можи да се чува во тегличка во фрижидер отприлика една недела.