Солени палачинки со кулен и бешамел
Состојки
- 8 палачинки
- Полнење
- 100 гр сечкан кулен
- 100 гр сечкано биено сирење
- 200 гр рендан кашкавал
- 5-6 рендани кисели корнишони
- 80 гр мајонез
- 3 лажици кисела павлака
- Бешамел
- 1 лажица путер
- 1 лажица брашно
- 300 мл млеко
- 1 лажиче сув зачин
- 5 лажици кисела павлака
- 100 гр кашкавал
Подготовка
За бешамелот, на путер кратко време пропржрте го брашното и додајте го млекото. Цело време мешајте. Зачинете го и тргнете го настана од шпоретот. Додајте ја павлаката и убаво промешајте.
За филот, измешајте ги сите состојки. На секоја палачинка ставете дел од филот, завиткајте ја во ролат и редете ги во намрсена тава.
Одозгора прелијте ги со бешамелот, нарендајте кашкавал и печете ги дваесетина минути во загреана рерна на 200 степени.