Млечна Тарана (варена)
Состојки
- 100гр Тарана
- 200мл Млеко
- 600мл Вода
- 100гр Путер
- по вкус Сол, Сирење и Павлака
Подготовка
Домашната тарана е највкусна, ја подготвувам и како потпечена и како варена. Брзо и вкусно, идеално за појадок, особено во овој период.
Подготовка
Во тенџере ги ставаме водата, млекото, тараната и путерот. Откако ќе зоврие, мешаме повремено, а кога ќе биде прикрај мешаме почесто за да не ни загори тараната. Кога ќе биде сварена тараната, ја тргаме настрана, оставаме малку да подизлади и додаваме павлака и рендано сирење...посолуваме по вкус. Ја послужуваме топла со чаша јогурт.
Забелешка - оваа доза е за 2 чинии.
На здравје!!!