Испечати

Колач со јаболка

Колач со јаболка

Состојки

  • 4 јајца
  • 250 гр шеќер
  • 1 филџан масло
  • 1 ванила
  • 1 пециво
  • 13 лажици брашно
  • 6 јаболки
  • 1 лажица цимет
  • 1/2 филџан млеко

Подготовка

Во длабок сад се матат јајцата со постепено додавање на шеќерот. Потоа се става маслото, млекото и брашното помешано со пециво.
Оваа смеса се дели на два дела. Едниот дел се печи на 200С-15мин.
Преку печеното тесто се редат сецкани јаболка посипани со цимет и ванила и се истура вториот дел од смесата. Се допекува уште20 мин. На здравје!!!