Испечати

Мини палачинки со јаболка

Мини палачинки со јаболка

Состојки

  • 300 гр брашно
  • 300мл млеко
  • 2 јајца
  • 2 рендани јаболка
  • 60 гр стопен путер
  • 1 пециво
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • цимет по вкус
  • 1 лажица мед

Подготовка

Воздушести,лесни и сезонски есенски палачинки.
Сите состојки се ставаат во сад а на крајот јаболката,медот и циметот.
Убаво се меша додека се добие густа каша.
Се пржат на малку намрсено загреано тавче на среден оган се додека поруменат од двете страни.
Се јадат посипани со шеќер во прав,џем и овошје.