Испечати

Салата со свеж спанаќ, калинка и варени јајца

Салата со свеж спанаќ, калинка и варени јајца

Состојки

  • 10 листови исчистен, свеж спанаќ
  • 4-5 листови, свежа марула
  • 1/2 свежа краставица
  • зрна од една калинка
  • 2лажици тостирани семки од сончоглед
  • 1лажиче тостиран сусам
  • 1-2 варени јајца
  • дресинг
  • 3лажици маслиново масло или масло од семки од грозје
  • 2лажици оцет од калинка
  • 1лажиче мед
  • 1лажиче сенф
  • 1/2лажиче сол
  • 1/4лажиче свежо мелен бибер

Подготовка

Салатава е топ...
Пробајте ја.

На дното на тајнир за сервирање ги ставаме танко сечените ленти марула и ленти спанаќ.
додаваме кругови краставица и нежно промешуваме.
Додаваме зрна калинка, и тостирани семки од сончоглед и сусам.
Ставаме и варени јајца.
Во мала тегличка ги соединуваме сите состојки за дресингот.
Убаво, со тресење промешуваме да се соединат состојките.
Дресингот го нанесуваме врз салатата.
Послужуваме.

Од дресингот може да се подготви поголема количина и може слободно во фрижидер да стои 3,4 дена..